Исецкајте го зеленчукот- кромидот и тиквицата на тенки кругови, пиперката на тенки стапчиња и печурките на листови.
Ставете ги во тава, додајте масло, посолете, додајте го и сецканото лукче и оставете да се пржи на тивок оган.
Во длабок сад изматете ги јајцата со павлакта за готвење, пармезанот и мајоранот.
Посолете и наросете малку црн бибер, а потоа додајте ги во тавата со испржениот зеленчук.
Откако ќе се испржи од едната страна поклопете ја тавата со поголема чинија и превртете ја.
Потоа вратете го омлетот во тавата за да се испржи и од другата страна.
Послужете го топол со свежа салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани