Испечати

Омлет од кромид и црвени пиперки

Омлет од кромид и црвени пиперки

Состојки

  • 5 јајца
  • 2 големи главици кромид
  • 1 црвена пиперка(бабура)
  • 1/2 тиквичка
  • 10 свежи шампињони
  • 2 чешниња лук
  • 30мл. неутрална павлака за готвење
  • 2-3 лажици пармезан
  • 1 лажичка мајоран
  • по потреба сол, црн бибер, масло

Подготовка

Исецкајте го зеленчукот- кромидот и тиквицата на тенки кругови, пиперката на тенки стапчиња и печурките на листови.
Ставете ги во тава, додајте масло, посолете, додајте го и сецканото лукче и оставете да се пржи на тивок оган.
Во длабок сад изматете ги јајцата со павлакта за готвење, пармезанот и мајоранот.
Посолете и наросете малку црн бибер, а потоа додајте ги во тавата со испржениот зеленчук.
Откако ќе се испржи од едната страна поклопете ја тавата со поголема чинија и превртете ја.
Потоа вратете го омлетот во тавата за да се испржи и од другата страна.
Послужете го топол со свежа салата.