Малку несекојдневна торта со желатин.
Тортата ја подготвив одамна, но еве и дојде редот сега.
Ми беше предизвик долго време и ја направив.
Изгледа добро, но да имав повеќе време можеби ќе ја направев и подобро.
Еве ја постапката по која јас работев.

Пандишпанот искршете го на парчиња.
На страна изматете го путерот со шеќерот во прав, па додајте му ја нутелата, растопеното бело чоколадо, оревите и бисквитите.
Во друг сад изматете ја слатката павлака и помешајте ја заедно. Внимавајте да не ви дојде многу леплива смесата додека ја пмесите зедно со пандишпанот.
Од готовата смеса, формирајте го дното на океанот.
Рамнете го,издигнувајте го како сакате, по своја желба.
Можете да искористите атлантис чоколадни бонбони за украсување на дното, или да ставите природни школки, се тоа оставам на вашата фантазија.
Јас вметнав некоја школка и риби.
Сето ова приготвувајте го во калап кој претходно ќе го обложите со најлонска фолија.
Ставете ја тортата да се стегне.
Во мал сад помешајте го желатинот со две лажици вода и оставете го да се набабри.
Во друг сад разматете 700 мл вода со малку сина прехрамбена боја.
Кога желатинот е готов набабрен ставете на тивок оган да се растопи,без вриење,па додајте ја водата.
Така спремната океанска вода, истурете ја врз дното на океанот.
Оставете да се стегне.
Откако убаво е стегнато, внимателно отстранете ја најлонската фолија.
Имате преубава океан торта.
Уживајте додека ја подготвувате.
На здравје

Забелешка
Можете да ставите готов кршен пандишпан.
Можете да ставите состојки по ваша желба.
Во оваа торта игра улога фантазијата.
Правете во мал калап,по ваша потреба, преполовете ја смесата,по ваша потреба, овде е повеќе како идеја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови