3
фев
2016
Огнена пита со лут ајвар и интегрално брашно
На подарок од Ана добив убава мала ростер тава, па да ја испробам, еве со оваа брза, убава пита.
Прво се матат јајцата со солта со миксер.
Се исклучува миксерот, се додавваат течните состојки, брашното, пецивото, сецканите маслинки, ајварот.
Убаво со шпатула се промешува, се истура смесата во тавата и се печи 25 минути на 190 степени. Изладената пита се сечка на коцки.
Лиценца: Сите права се задржани