Рецептот го пишувам онака како што е запишан, но количински е многу доколку спремате за помал број на лица, затоа слободно намалувајте ги количините на состојките.
 
Додека се вари компирот вие спремајте го и месото.
Пире
- Сварете компирот во лушпа, излупете, пасирајте или со миксер измиксајте. Додадете веднаш маслацот за да се стопи и избркајте. Додадете ги киселата павлака и половина од киселото млеко, јајцата и едната белка. Измешајте. Доколку оцените дека е многу цврсто пирето тогаш додадете го остатокот од киселото млеко. Зачинете и измешајте.
Меленото месо
- Сварете го грашокот или користете веќе конзервиран.
- Ситно исецкајте го кромидот и ставете на маслото да се пржи до омекнување. Додадете ги ситно сецканите црвени пиперки и продолжете да пржите. Откако е пржено (не препржено) додадете го месото и постојано мешајте како би го повеке иситниле. При крај додадете го и грашокот, измешајте ја целата содржина, додадете го и веќе спреманиот според упатството Фант за ќебапчиња и плескавици. Измешајте и на крај зачинете според вкус. Додадете го и магдоносот. Потребно е да добиеме мека но не многу ретка смеса од месото.

Земете садот во кој ќе го спремате ручекот, ставете една половина од пирето, истурете ја добиената смеса од месото, покријте со остатокот од пирето.
- Измешајте ја жолчката со киселата павлака и малку вода, премачкајте ја површината, набоцкајте со вилушка на неколку места, ставете да се пече во загреана рерна се додека не добиете фина златеста кора одозгора. Извадете, нека олади и тогаш служете.
Совет
- Внимавајте да не го препечете, само малку да се запече и површината од премазот да стане како една ципа или тенка коричка... извадете од рерна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани