Овчарска салата
Одоката е оваа салата... нема мерка,
1. За салатата - Се дроби количина од зеленчукот поваш избор... овде нема мерки, останува на вас сами да си одредите, исто така и сирењето и кашкавалот. Се меша и се залива со дресингот.
2. Дресинг - Во мала тегла или сад соодветен за чување на дресинг - одмерете количината на зејтинот и оцетот, додајте рендан или на преса стиснат лук, биберот, солта, ѓумбирот. Затворете го садот и измешајте ги состојките со тресење на садот.
Со вака припреманиот дресинг залејте ја салатата.
Овој дресинг го спремам еднаш во неделата но во дупли дози, соберам во стаклена тегла, затворам и стои во фрижидер.
Нема мерки за зеленчукот бидејки навистина не мерам, што имам во моментот во фрижидерот тоа ке ставам. Магданос обавезно во поголема количина.
Ова што сега го гледате е само дел од салатата.
Кога се спрема со оладен зеленчук тогаш е најдобра оваа салата.
Лиценца: Сите права се задржани