Овчарска пита
1. Се замесува тестото со млака вода. Се дели на 12 топчиња. Секое топче се расукува малку во круг со дијаметар од 15 см. Се премачкуваат со масло 9 круга. Останатите се за најгоре и не ги премачкуваме.
2. Четири круга се ставаат едно врз друго. Се расукува кора која се попрскува со масло, се става од сирењето и се витка како ролат. Се реди во подмачкано тавче. Така се создаваат и другите две кори, ролати. Се засекуваат ролатите за да се добијат квадрати. Премачкуваме со изматено јајце и посипуваме сусам.
3. Се пече на 220 степени додека да порумени.
4. Ја вадиме питата од рерна и ја премачкуваме со киселото млеко во кое сме промешале истолчено лукче. Ја враќаме во рерна околу 5 минути.
Забелешка
Користев црно брашно, кое беше доста влажно и малку ми се „пушташе“, што би рекла мајка ми, ама сепак се сработи и беше многу вкусна. Со бело брашно ќе биде совршена.
Кога ќе ја расукате кората треба да ви биде во должина на тавчето во кое ќе ја печете. Јас сусамот многу го сакам и скоро на секое вакво тесто го ставам. Доколку не го сакате слободно изоставете го.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани