Овој тип на смути веќе години наназад го применувам и имам испробано секакви варијации. Ова е комплетен утрински оброк, хранлив и здрав и најчесто го правам со достапните житарици и овошки кои ги имам во моментот. Една голема чаша ваков оброк ќе ве држи сити до ручек.

Прво се мелат снегулките и семињата во Нутри булет. Префрлете ги во чаша откако ќе се сомелат.
После ставете го овошјето заедно со вода и изблендирајте го. Вратете ги назад сомелените житарки и кратко изблендирајте заедно и по потреба додадете вода.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови