Овошно смути со житни снегулки и семиња
Состојки
- 2 лажици 4 врсти семиња Натура
- 1 лажица сушено овошје микс Натура
- 1 праска
- 6-7 јагоди
- вода по потреба
Подготовка
Овој тип на смути веќе години наназад го применувам и имам испробано секакви
варијации. Ова е комплетен утрински оброк, хранлив и здрав и најчесто го правам со
достапните житарици и овошки кои ги имам во моментот. Една голема чаша ваков оброк
ќе ве држи сити до ручек.
Прво се мелат снегулките и семињата во Нутри булет. Префрлете ги во чаша откако ќе се
сомелат.
После ставете го овошјето заедно со вода и изблендирајте го. Вратете ги назад
сомелените житарки и кратко изблендирајте заедно и по потреба додадете вода.
На здравје