Еве уште еден мој рецепт кој е брз за подготовка, без печење, без маснотии и без додаток на шеќер, се си има во состојките.

1. Сите состојки се ставаат во блендер, се блендира со пулсирање додека не се добие густа смеса.

2. Се зема од смесата, се прават топчиња и истите се валкаат во кокос. Се притиска топчето на средина со прст да се добие вдлабнатина и се става сува брусница да се добие форма на гнездо. Се ставаат во фрижидер околу 1 час малку да се стегнат.

Кикириките може да се заменат со бадеми или ореви. Излегуваат околу 15 парчиња зависно од големината. Повторно ќе напоменам дека вкусот на циметот е индивидуален, па истиот се става по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани