
Овошна сладолед салата
Освежителен летен десерт.
Комбинација на овошја со сладолед,за мене полн погодок.
Измијте го овошјето и исецкајте го на појадри еднакви парчиња.
На дното од чашата ставете дел од мешаното овошје.
Пишкотите натопете ги во сируп од јагода,или во млеко,па наредете ги во чашата.Можете и на парченца да ги скршите.
Извадете три топки сладолед и ставете ги во средишниот дел на чашата.
Остатокот од овошјето декорирајте го од страните и врз сладоледот.
Ставете слатка павлака и декорирајте со печен ситен лешник.
Пробајте го па кажете.
Имам полно слики од разни видови на десертов,но ќе прикажам само неколку колку за пример.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови