![Обланди со ресана и два фила](https://moirecepti.mk/content/uploads/2014/07/S7301503-cad535-800x663.jpg)
Обланди со ресана и два фила
Во касерола ги ставаме шеќерот и водата да повријат околу пет минути. Тргаме на страна и го ставаме путерот да се растопи. Смесата ја оставаме околу петнаесетина минути да се излади.
Бисквитите ги мелеме и полека ги додаваме во течната смеса. Ресаната ја сецкаме и неа ја додаваме во бисквитите. Целата смеса ја делиме на два дела и во едната го ставаме какаото.
Во вториот фил го сипуваме румот. Филуваме најизменично прво со потемниот фил, а потоа со филот од рум. Обландата ја оставаме да се стегне.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани