1. Подготовка на бисквитот- Мелените бисквити и растопениот путер соединете ги и префрлете ги во калап на отварање, со дијаметар од 24 см, претходно обложен со хартија за печење. Со помош на лажица, притискајќи, измазнете ги рамномерно низ дното од калапот. Потоа ставете го калапот во фрижидер пола час, да излади бисквитот.

2. Подготовка на кремот- Ставете го желатинот во ладна вода, да омекне десетина минути. Во меѓувреме, во сад за матење, изматете ги со миксер крем сирењето и нутелата додека смесата стане хомогена. Во друг сад на оган растопете го омекнатиот желатин и додајте го во смесата со нутелата.

3.Подготовка на топингот- Во загреана тава на оган, додадете ги сечканите фстаци и тостираjте ги неколку минути, а потоа остранете ја тавата од оганот и додадете ја слатката павлака и размешајте со лажица.

4. Редење- Кремот нанесете го врз изладениот бисквит и вратете го калапот во фрижидер да се лади околу 4 часа пред да го послужите чизкејкот. Декорирајте со топингот од фстаци пред да го послужите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани