Подготовка на основата
Млекото, путерот, Нутелата и чоколадото се топат на огин и со ова се преливаат мелените бисквити. Се измешува добро и веднаш се става во калап со обрач бр 28 и се исплескува како тенка кора. Со мало сукалце или чаша се израмнува.

Подготова на кремот
1. Сирењето, шеќерот во прав и кремот се матат со миксер.
2. Чоколадото се топи на пареа или во микробранова.
3. Слатката павлака се мати (да не се прематува)
4. Се соединуваат сирењето, растопеното чоколадо и слатката павлака и со овој фил се премачкува подлогата од мелени бисквити

Декорација
Јас декорирав со чоколаден прелив и посипав со крупни лушпи од чоколадо врз изладениот и стегнат чизкејк, а на едниот крај ставив слатка павлака од спреј-боца. Се сече на 18 парчиња

 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани