Испечати

Нутела чизкејк

Нутела чизкејк

Состојки

  • 250г мелена плазма
  • 125г стопен путер
  • 400г маскарпоне
  • 400мл слатка павлака
  • 100г шеќер
  • 250г нутела
  • 150г млечно чоколадо
  • 100мл слатка павлака

Подготовка

Лесен и гарантирано вкусен.

Подготовка

1. Мелената плазма ја мешаме со стопениот путер и ја натапкуваме на дното од калап за чизкејк (15цм). Калапот го ставаме во фрижидер.
2. Маскарпонето го матиме со шеќерот, слатката павлака ја матиме во посебен сад и ја додаваме кај маскарпонето. Филот го делиме на два дела. Во едниот дел ја додаваме нутелата (претходно загреана за да се измеша поубаво). Филот со нутела го додаваме во калапот и израмнуваме убаво. Потоа го додаваме остатокот од филот и израмнуваме.
3. За преливот, го растопуваме чоколадото со слатката павлака, оставаме да се излади на собна температура и го додаваме во калапот врз филот. Треба да отстои во фрижидер преку ноќ пред послужување.

Се декорира по желба. На здравје!