8
јан
2021
Нутела мафини(декорација-рудолф црвено носе)
Превкусни мафини со препознатлив вкус кои се многу едноставни за подготовка.
1. Јајцата ги матиме со миксер. Ја додаваме нутелата и повторно матиме. Го додаваме брашното и матиме.
2. Во калапот за мафини ставаме хартиени корпи и во секое ставаме по две лажици од смесата. Печеме на 190 степени околу десет минути.
3. За декорација секој мафин го полеваме со едно лажиче стопено чоколадо. Со ресани(кои ги исеков да одговараат на големината)ја правиме устата на Рудолф а носот со ројал ајсинг во црвена боја.
Роговите се правени од переци малку со бел ајсинг. Очите со ројал ајсинг.
Декориравме и уживавме со мојата ќерка.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови