Има многу рецепти за еклери, еве во збирката уште еден рецепт на начин на кој Рудолф ги прави.Тој вели дека овој е најдобриот рецепт за еклери, највкусниот баш како што ги прават париските еклери. И во право бил, дома многу ми ги бендисаа, па често ќе ги правам од сега па натаму.
Се ставаат на оган млекото, путерот, водата и солта да зовријат. Откако ќе зовријат се додава брашното и се меша додека не се добие тесто, додека смесата не почне да се одделува од ѕидовите на тенџерето. Се остава да се излади и на крај се додаваат 4 јајца едно по едно. На намрсен плех со помош на шприц се прават форми и се печат во загреана рерна на 200степени 20тина минути.
Фил
Се става млекото на оган. На страна се матат со маталка 4 жолчки, брашното, густинот, солта, шеќерот и ванилата и се додава 100мл од млакото млеко(но никако врело) сето ова се додава во тенџерето на оган и се вари густ крем. Се трга настрана и се додава 75гр путер. Се остава филот убаво да се излади и накрај се додава 75гр изматен путер. Со филот се полнат еклерите и се чокаладираат .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови