Овој е кремаст, нежен и многу вкусен десерт. Нека биде дел од Вашата Велигденска трпеза.

Подготовка:

1. Прво во вангличка се ставаат белките и се матат со миксер. Постепено се додава шеќерот и се мати до добивање на густ шам. Сега со помош на шпатула се додаваат соединетите лешници и брашното.
Убаво смесата се изедначува.

2. Се истура во правоаголен плех, не најголем од рерната, туку помал, кој претходно е обложен со хартија за печење. Се израмнува и се печи на 170,180 степени, околу 15 минути. Нежно нека зарумени на површината. Се остава да се излади, се отстранува хартијата и се сечи на 2 дела, по ширина.

3. Во еден сад, тенџере се соединуваат млекото, шеќерот, жолчките и брашното. Се меша убаво да нема грутчиња. Може да се помини и низ цедалка за мазна структура. Се вари на многу тивок оган до згуснување, со постојано мешање. Кога е готов и додека е жежок, се додава искреното чоколадо. Се меша енергично смесата.Се покрива со прозирна фолија и се остава да се излади.

4.Во сад ги ставаме желатинот и водата. Од кога ќе набабри го ставаме на тивок оган да се растопи. Го додаваме во кремот. Во танок млаз ја додаваме и слатката павлака и матиме со миксер,соединуваме. Сега на даска за колачи ја ставаме првата кора. Нанесуваме половина од филот. Врз него ја поставуваме втората кора, па остатокот од фил. Вака подготвен десертот, го оставаме во фрижидер да се излади 2 часа.

5. На тивок оган ја загреваме павлаката и го додаваме кршеното чоколадо. Изедначуваме. Ганашот го нанесуваме врз колачот и расфрламе мелени лешници. Оставаме во фрижидер уште 1 час, па сечиме на коцки и послужуваме.
На здравје убавинава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани