Нутела кифли со кокос
Подготовка.
Во загреено млеко растворете го квасецот додадете го маслото јајцето, шеќерот, солта, додадете го брашното и замесете меко тесто, за подоцна кога ќе гго поделите на да дела и додадете какаото и кокосот да добиете нормално тесто.
Тестото поделете го на два дела и ставете го во два посебни сада во едниот какао и убаво измесете го да се соедини со тестото најдобро извадете го на работната маса. Во другиот дел додајте го кокосот и месете и тој да се соедини со тестото. Потоа покријте ги со кујнска крпа и оставете да сташе. Стасаното теста поделете ги на пет дела и кафеавиот дел и белиот.
Земете 1 кафеав дел врз него ставете 1 бел дел и расукајте го во круг исечете во на 8 дела на секој дел на почетокот ставете од Нутелата убаво поклопете го тестото од обете стране да не излегува нутелата во печење и виткајте кифли. Ова постапка повторете ја и со другите 4 дела. Готовите кифли редете ги во плех обложен со хартија . И оставете да нараснат кифлите.
За тоа време припремајте го преливот за премачкување.
Во ладна вода растворете го шеќерот со четка од од преливот благо премачкајте ги пред печење. Печете во загреена релна на 200 степени околу 20 мин. Кога ќе ги извадите од релна топли премачкајте убаво повторно со преливот. Покријте со кујнска крпа и оставете да оладат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
вчера имавме гости и шеќерко им вика:
јадете луѓе, спрема како луда, не можам се' сам да изедам :) :) :) :)