За љубителите на нес кафе, еве неколку мои декорации, за убав изглед.
На апаратот за нес се мати кафето и шеќерот со малку вода. Кога ќе се добие густа пена се става во чаша, се дополнува со млеко или вода по желба.
Се декорира со пена од ладно млеко подготвена на следниов начин
-Околу 50-100 мл.млеко (кое мора да биде ладно од фрижидер) се мати на апаратот за нес на најголема брзина додека да стане густо како шлаг.
Вака подготвена пената од млеко се става врз нес кафето и се декорира со преливите, циметот, морското оревче, шеќерот во прав, по желба.
Декорацијата се прави со помош на чепкалка.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови