Непечен солен колач
Идејава за рецептов ми дојде спонтано, ама вистински ја красеше трпезата.
Најпрвин пригответе го филот
Артичоките и сувите домати исечете ги на мали парчиња.
Додајте го пармезанот, крем сирењето, копарот и малку посолете.
Убаво измешајте.
Калапот за векна обложете го со парчиња од лебот премачкани со мајонез.
На дното врз лебот ставете од обарениот спанаќ исечен на поситно.
Одозгора спанаќот посипете го со 3 лажички пармезан.
Земете парчиња од лебот исечен на квадрати и со сукало истенчете го.
Премачкајте ги со филот и завиткајте во ролат.
Секој ролат обвиткајте го со парчиња тост кашкавал и наредете ги во калапот.
Одозгора нанесете го преостанатиот спанаќ и поросете 3 лажички пармезан.
Затворете со парче леб премачкано со мајонез.
Завиткајте го калапот со најлонска фолија и оставете го во фрижидер неколку часа(јас го оставив да стои преку ноќ).
Пред сервирање премачкајте го со крем сирење и украсете по желба.
Лиценца: Сите права се задржани