Необична но вкусна мусака
1. Во сад го ставам меленото месо, ситно сецкан кромид, јајце, вегета, пола лажичка црн бибер, магдоносот и 100мл. зејтин. Сето ова убаво го мешам да се соедини и со намрсени раце правам топчиња.
2. Претходно излупените компири и исецкани на кругови ги мијам и во тавче на дното и од страната редам еден ред од компирите. Врз компирите ги редам топчињата мелено месо и измеѓу нив ставам од круговите компир за да не се допираат.
3. Настрана во тавче го ставам маргаринот да се растопи и загрее, го додадам брашното убаво да зарумени и го додадам млекото така да се динста 10мин. и на крај додавам пола лажичка црн бибер, малку кари и прстофат рендан кашкавал.
4. Подготвениот бешамел сос со лажица го истурам врз мусаката и така готова ја ставам во рерна да се пече на 200-250° 45минути. Пред да биде готова мусаката ја вадам од рерна и врз нејзе ставам кашкавал дали рендан или сецкан тоа е по ваша желба ја враќам во рерна уште 5 минути.
Ја вадам мусака ја сервирам и спремно е за дегустација.
Пријатен ручек
Лиценца: Сите права се задржани