Нека е поразличен од вообичаено приготвениот. Значи промената овде е што за основа се земаат бискотите.
- Чашата е од 200 мл.-
 
- Зависно што ќе изберете, путер или маргарин растопете во тавче со размер 27х17 см. Нека малку олади и наредете по дното еден ред бискоти.
- Излупете јаболката, крушите, насецкајте ги било на тенки резанки или коцки, а дуњата излупена изрендајте на едрата страна од рендето. Измешајте со шеќер и цимет, наредете врз бискотите. Посипете со оревите.
- Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, додајте брашното во кое сте го измешале пецивото- измешајте и оваа добиена смеса излијте над оревите.
- Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Готова е кога е убаво заруменета или пробајте со чепкалка (заборавив да внимавам на времето)
- Извадете и оставете добро да се олади бидејки тогаш убаво се сече.
Убав ден за вас посакувам!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани