Невестински мафини
Во вангличка се ставаат шеќерот и јајцата и се матат да побелат. Се исклучува миксерот и постепено се додаваат млекото, маслото, сокот од портокал, па брашно, пециво, сода и исецкани ресани. Смесата се распоредува во 18 калапчиња за мафини, претходно обложени со алуминиумски кошнички. Се печат околу 12-15 мин на 180 с. Се ладат. Во касерола се ставаат млекото, шеќерот, пудингот, густинот и се варат до згуснување. Се лади кремот со повремено мешање. Се мати слатката павлака, се додаваат кора од рендан лимон и портокал и се соединува постепено со изладениот пудинг. Кремот се става во готварски шприц и се декорираат мафините. На страна се мати 60 мл слатка павлака, се завршува декорацијата. Се поставуваат украсите. На здравје.