Подготовка:

1. Се става квасецот со малку млеко, брашно и шеќер да се активира.
2. Во длабок сад се става млекото, маслото и јогуртот. Овде се додава квасецот, солта и маслото. Се замесува тестото со постепено додавање на брашното. Се остава да се одмори 30мин.
3. Се премесува тестото и се дели на два дела. Од едниот дел се прават 5 топчиња. Секое топче се сучи и се премачкува со маргарин. Така се прави на сите 4 топчиња, а последното не се мачка со маргарин. Потоа се сучи голема кора и се сечат ленти триаголници колку што сакате да ви бидат големи кифлите. (види слика). Стасуваат околу 40мин
4. И од другото тесто се прават кифли по истата постапка. На крајот се премачкуваат кифлите со матено јајце измешано со масло. Се поросуваат со сусам. Се печат на 250С-25мин. Штом се испечат јас ги премачкувам со масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани