23
авг
2021
Намаз од модар патлиџан
Покрај големиот избор на намази и крем салати, еве еден предлог од мене за една вкусна крем салата од модри патлиџани, која доколку ја подготвите во блендер е иделен намаз и за најпребирливите деца.
Подготовка:
1. Модриот патлиџан се пече во загреана рерна на 250 степени.
2. Потоа го лупиме и блендираме во блендер. Во чашката од блендерот ги додаваме и останатите состојки и блендираме до хомогенизирање на состојките.
*Забелешка - доколку немате блендер, може модриот патлиџан да се помине низ машина за мелење месо или да се истолчи.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани