Испечати

Намаз од модар патлиџан

Намаз од модар патлиџан

Состојки

  • 1 Модар патлиџан
  • 150 гр Павлака
  • 2 Зденки
  • 1 м.л. Мајонез
  • малку Маслиново масло
  • по вкус - сол, црн бибер,лук (во прав или 1 чешне), малку пропржен сусам и ореви

Подготовка

Покрај големиот избор на намази и крем салати, еве еден предлог од мене за една вкусна крем салата од модри патлиџани, која доколку ја подготвите во блендер е иделен намаз и за најпребирливите деца.

Подготовка:

1. Модриот патлиџан се пече во загреана рерна на 250 степени.

2. Потоа го лупиме и блендираме во блендер. Во чашката од блендерот ги додаваме и останатите состојки и блендираме до хомогенизирање на состојките.

*Забелешка - доколку немате блендер, може модриот патлиџан да се помине низ машина за мелење месо или да се истолчи.

На здравје!