Мусака со праз
1. Во солена зовриена вода ставете да се вари (обари) на кругови исечениот праз и тоа за време од 5 мин. - тргнете од огнот, ставете во цедалка да се оцеди.
Додека се лади - спремете го месото
2. Ставете во тава масло според ваша оцена - нека се пропржи кромидот, потоа додадете го меленото месо, па додадете го доматниот сос, магдоносот и ловоровиот лист, наросете сол и бибер.. нека се допржи. Тргнете настрана.
3.Во соодветна подлабока тава која сосема малку ке ја намрсните ставете дел од празот, врз него дел од сосот со меленото месо, пак од празот и така додека имате состојки (тоа е највеке во два реда од меленото месо). Завршувате со празот.
Премачкајте со павлака, посипете со ренданата моцарела, ставете во веке загреана рерна на 200 степени и нека се подпекува највеке 20 мин.
Доколку сакате во поголема количина ке мора да ги дуплирате состојките.
Лиценца: Сите права се задржани