Сезонски ручек...Есен е...

Подготовка
1. Карфиолот го делиме на цветови и го ставаме да омекне на пареа. Откако ќе биде готов го префрламе во тава за печење, го зачинуваме.
2. Лукчињата и кромидот ситно ги сечкаме и ги ставаме заедно со морковот сечкан на кругови, брокулата сечкана на цветчиња да се пржат на среден оган, на свинска маст.
3. Откако ќе омекнат го ставаме меленото месо и него го упржуваме. На крајот ги ставаме зачините, солта, биберот и сл.
4. Меленото месо го распоредуваме врз карфиолот.
5. Целата смеса во тавата ја полеваме со разматени белки и кисела вода.
6. Го ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Потоа го отвораме капакот и оставаме уште 5-10 минути да се запече малку.

Забелешка
Карфиолот го подготвив во експрес лонец, на пареа.
Ако се исклучи морковот ова е вистински богат хроно ручек. Морковот кога е сварен има висок гликемиски индекс, затоа не треба да се вари, такви се правилата во хроно исхраната, ама јас по навика, бидејќи до сега секогаш сум ставала морков воопшто не размислив кога го спремав ручекот. Морковот може да го замените со црвена пиперка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани