Ова рецепт од ТВ - готвач Јоли.
Сезона на тиквичките, планот да направам мусака на класичен начин веднаш го сменив откако го здогледав ова.
Месото кое го користеше беше бело пилешко кое го исецка на ситно, но јас ставив мелено.
- Ситно исецканите кромид, лук и печурките заедно со месото се запржуваат, посолете и овкусете.
- Тенко исечете ја тиквичката на долги ленти. На крајот на секоја лента ставете од мешавината со месото, ставете парче кашкавал и замотајте во ролатче. Така постапете со целата количина. Редете ги во подмачкано со зејтин тавче.
- Помеѓу редовите од тиквичките наредете го тенко исечениот домат. Малку посолете, посипете малку зејтин - Ставете во рерна да се пече на 180 степени околу 30-40 мин.
- Пред самиот крај на печењето извадете тавчете, посипете со ренданиот кашкавал, вратете во рерната колку да се стопи кашкавалот.
Бон Апетит!
Забелешка
- Внимавајте со солењето бидејки кашкавалот е солен.
- Во тавчете не ставате вода бидејки тиквичките го испуштаат сопствениот сок и е доволно, а од самиот кашкавал кој се топли за време на печењето се добива и густо сосче.
- Јоли пилешкото месо го исецка мнооогу ситно - остатокот од постапката иста.
- Јас бидејки бев спремала мелено месо си продолжив со него, ништо грешно, но не велам дека нема да пробам со пилешко сецкано. Интересно ќе е.
- Тост парчињата кашкавал поделете ги на неколку парчиња за да може да се стави на сите ленти од тиквички.
- Тиквичките ги сечев со ренде, а видов дека Јоли ги сечеше со поширока лупачка закомпир.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани