Подготовка:

1. Со миксер се матат 4 белки, со постепено додавање на 4 лажици шеќер и се мати во цврст шлаг. После, се додава 1 лажица брашно, 6 лажици мелени ореви и 1 лажица мелени лешници. Лесно се промешува со шпатулата. Се става во округол плех бр26. Се пече на 200С -14мин. Се повторува постапката и со другите три кори.

2. Фил - Жолчките и шеќероот се матат убаво, па се додава нишестето и пудингот, кои се разматени со 150мл млеко и убаво се соединуваат. Остатокот од млекото се става да проврие и се додава изматената смеса. Се вари на тивко со мешање. Филот се оладува, а потоа се додава изматениот маргарин.

3. Пред да се филува тортата се мати хоплата. На тацна се става првата кора, па филот, вишни, сецкани лешници и матена хопла. Потоа втората кора, фил, ананас пресечен на коцки, лешници и хопла. Третата кора фил, вишни, ананас лешник и хопла. На крајот доаѓа четвртата кора и се украсува по желба со стопена чоколада, еден корнет сладолед. Тортата е висока и превкусна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани