Вреди да се проба оваа посна и особено вкусна торта.

Подготовка
1. Морковите ги сечкаме и заедно со сокот од портокал ги ставаме во блендер/Нутрибулет да се сомелат до каша.
2. Ги мелеме и муслите во Нутрибулет па сите суви состојки ги ставаме во еден сад.
3. Ги додаваме течните состојки, мелениот морков и соединуваме со лажица.
4. Во намрсено и набрашнето тавче бр.26 ја распоредуваме смесата.
5. Ја печеме на 180 степени околу 25 минути.
6. Откако ќе се испече, ја ладиме, па ја филуваме со топол фил.

За подготовка на филот
1. Лупиме еден цел портокал и заедно со морковот го блендираме.
2. Во дел од водата раствораме пудинг и кафеав шеќер.
3. Остатокот вода заедно со кората и блендираната смеса од портокал и морков во тенџере да почне да врие.
4. Го додаваме растворениот прашок за пудинг и мешаме до згуснување.
5. Додаваме ванила екстракт и го оставаме филот да се подизлади, па со него ја премачкуваме тортата.
Декорираме со рендано посно чоколадо или по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани