Сакав да направам спој на здрав, посен и набрзина спремен десерт, а во него да е застапена мојата љубовна комбинација портокал и чоколадо, при што излегоа овие вкусни ресанчиња.

1. Портокалот го лупиме и го мелеме во блендер или сецко. Овесните снегулки ги мелеме да станат како брашно (јас во машинка за мелење кафе ги мелам). Ги додаваме свежите урми од кои сме ја отстраниле семката. Додаваме сол, масло и мед и блендираме да се направи смеса од која ќе формираме кружни плочки. Плочките ги ставаме малку во замрзнувач, додека го формираме преливот.
2. Кокосовиот путер го ставаме да се стопи на најмала температура на огин, па ги додаваме какаото и агаве сирупот или некој друг засладувач. Промешуваме и оставаме да се лади неколку минути. Со лажичка додаваме врз секоја плочка од чоколадниот прелив.

Забелешка
Откако ќе го сомелеме портокалот и ги изблендираме урмите, другите состојки може и рачно да ги измешаме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани