Млад компир во ќофте
Ова мора да го пробате, осоено додека има млади компири. Не дека и со стари нема да го биди, но шмекот на младиот компир секако е во предност. Можеби изгледа „гараметно“ за спремање, но воопшто не е. Се спрема многу брзо и лесно.
Подготовка
1. Ставете го компирите со ловоровиот лист и биберот во зрно да се сварат 13на минути. На 3 минути пред крај посолете. Исцедете ги и оставете да оладат.
2. Во друг сад спремете го меленото месо со наведените состојки, така што кромидот претходно ќе го изрендате. Измесете убаво и оставете во фрижидер додека се сварат и оладат компирите.
3. Земете едно топче од меленото месо и расплескајте го на дланката, па во него ставете едедн варен компир и обмотајте го со месото наоколу насекаде.
4. Обликувајте со рацете да е топчесто и наредете во намрсена тава вр 24. Доколку сте свариле повеќе компири, а не ви стасала смесата за мелено месо, слободно ставете ги без него и тие исто така во неа.
5. Изматете ги состојките за преливот и со лажица најпрво прелијте врз секое топче во тавата, па на крај внимателно прелијте додека се потроши.
6. Тавата покријте ја со капак или алу фолија и ставете да се печи на 180С 35-40 минути. Потоа извадете ја фолијата/капакот и печете уште 10 минути. Ставете рендан кашкавал врз секое топче и вратете во рерна уште 10на минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови