Испечати

Млад компир во ќофте

Млад компир во ќофте

Состојки

  • околу 600 гр поситни млади компири (кај мене 15-16 на број)
  • 3 ловорови лисја
  • 5 гр црн бибер во зрна
  • За ќофте
  • 0,5 кг мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 лажиче прованса зачин
  • по вкус црн бибер со лук во прав и пимент
  • 3 лажици густо доматно пире
  • грст ситно сечкан магдонос (или копар)
  • 1 лажица презла
  • Прелив
  • 100 мл млеко
  • 2 полни лажици кајмак
  • грст ситно сечкан магдонос или копар
  • 1 лажиче чадена црвена пипер
  • 1 рамно лажиче црн бибер
  • 1/2 лажиче сол
  • Уште
  • 150 гр рендан кашкавал

Подготовка

Ова мора да го пробате, осоено додека има млади компири. Не дека и со стари нема да го биди, но шмекот на младиот компир секако е во предност. Можеби изгледа „гараметно“ за спремање, но воопшто не е. Се спрема многу брзо и лесно.

Подготовка
1. Ставете го компирите со ловоровиот лист и биберот во зрно да се сварат 13на минути. На 3 минути пред крај посолете. Исцедете ги и оставете да оладат.

2. Во друг сад спремете го меленото месо со наведените состојки, така што кромидот претходно ќе го изрендате. Измесете убаво и оставете во фрижидер додека се сварат и оладат компирите.

3. Земете едно топче од меленото месо и расплескајте го на дланката, па во него ставете едедн варен компир и обмотајте го со месото наоколу насекаде.

4. Обликувајте со рацете да е топчесто и наредете во намрсена тава вр 24. Доколку сте свариле повеќе компири, а не ви стасала смесата за мелено месо, слободно ставете ги без него и тие исто така во неа.

5. Изматете ги состојките за преливот и со лажица најпрво прелијте врз секое топче во тавата, па на крај внимателно прелијте додека се потроши.

6. Тавата покријте ја со капак или алу фолија и ставете да се печи на 180С 35-40 минути. Потоа извадете ја фолијата/капакот и печете уште 10 минути. Ставете рендан кашкавал врз секое топче и вратете во рерна уште 10на минути.