Квасецот го раствораме во малку млака вода, заедно со шеќерот и 2 лажици брашно и го оставаме да се активира. Потоа замесуваме тесто од сите состојки за тесто и го оставаме да стаса околу еден час.
Откако ќе стаса, само го формираме и го ставаме во намрсено тавче и го оставаме да стаса некои 10 -15 минути.
Со прстите правиме вдлабнатини во него, ги редиме доматите и сирењето исечкано на коцки. Ја премачкуваме фокачата со маслиново масло, посипуваме босилок и оригано, може и лук во гранули и ја ставаме да се пече во загреана рерна на 220 степени додека да порумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани