Мирисна фокача
Состојки
- За тесто
- 600 гр брашно
- 380 мл млака вода
- 1 сув квасец
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 3 лажици маслиново масло
- За врз тесто
- 1 парче биено козјо сирење
- 10-15 шери домати
- маслиново масло за премачкување
- лук во гранули, оригано и сушен босилок за посип
Подготовка
Квасецот го раствораме во малку млака вода, заедно со шеќерот и 2 лажици брашно и го оставаме да се активира. Потоа замесуваме тесто од сите состојки за тесто и го оставаме да стаса околу еден час.
Откако ќе стаса, само го формираме и го ставаме во намрсено тавче и го оставаме да стаса некои 10 -15 минути.
Со прстите правиме вдлабнатини во него, ги редиме доматите и сирењето исечкано на коцки. Ја премачкуваме фокачата со маслиново масло, посипуваме босилок и оригано, може и лук во гранули и ја ставаме да се пече во загреана рерна на 220 степени додека да порумени.