7 белки се бијат со 14 лажици шеќер и 3 лажици брашно, 1 пециво и 100 гр кикирики сецкани(потпечени)
Се пече на хартија.

Фил:

7 жолчки се бијат на пареа со 100 гр шеќер во прав, се оставаат да оладат.
1 маргарин се бие и се соединува со жолчките. Филот се дели на два дела.

Фил 1: 100гр чоколадо бело се топи и се додава 100 гр сецкани кикирики и пола од претходно подготвениот фил.

Фил 2: 100 гр чоколадо црно се топи и му се додава преостанатиот фил.

Падишпанот се дели на два дела. На првиот се мачка црн фил, на вториот бел фил, одозгора може глазура од стопено чоколадо и се сечи како бајадера.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови