Мини ролати со кокос
Мини кокос ролати превкусни и лесни за подготовка.
1. Прво го правиме бисквитот, јајцата ги матиме со шеќерпт и ванилата па ги додаваме млекото и маслото. На крај го додаваме брашното со печивото и убаво мешаме. Смесата ја ставаме во плех од шпорет обложен со хартија за печење и печеме на 180 степени околу 8 минути.
2. Фил- Павлаката ја ставаме во сад на оган и кога ќе дојде до пред вриење ги додаваме чоколадото и путерот. Оставаме да се олади.
3. Печениот бисквит го мачкаме со оладениот фил и по должина го сечеме на пет ленти. Потоа секоја лента ја сечеме на четири еднакви делови и од секој дел виткаме мини ролат. Секој ролат го преливаме со чоколадниот прелив кој го подготвуваме така што сите состојки ги ставаме во сад на оган и со постојано мешање чекаме да се соединат.Оставаме малку да олади па внатре во преливот го ставаме секој ролат.
Ролатите обилно ги валкаме во кокос.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови