Оваа рецепта произлезе од недостаток на кечап во мојата кујна, како една од состојките за подготвување вкусна пица. Кечапот го заменив со ајвар и мини пиците излегоа уште повкусни. Затоа, бидејќи се редовно на нашата трпеза, најчесто ги подготвувам со ајвар.

Подготовка

1. Брашното, зејтинот, квасецот, шеќерот и солта се замесуваат со млаката вода. Тестото се остава да стаса, да се дуплира.
2. Печурките ги сечкаме на листови, шунката ја сечкаме на тенки кругови, а кашкавалот го рендаме.
3. Го размесуваме тестото и расукуваме кора со дебелина од околу 5 мм. Со помош на чаша или калапчиња, сечеме кругови.
4. На кругчињата тесто ставаме пола лажичка ајвар, тенко сечкана шунка, парче печурка, малку од ренданиот кашкавал и малку посолуваме оригано. На некои од мини пиците ставив и по малку сусам.
5. Тавчето во кое ги печеме го набрашнуваме.
Ги печеме во загреана рерна на околу 220 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови