Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта. Во друг сад изматете го малку јајцето, додадете го млекото и путерот. Потоа мокрите состојки додадете ги во сувите, измешајте со жица, но нека останат и мали грутчиња. Не треба да добиете идеално мазна смеса.
Бананите исечете ги на крукчиња со дебелина од околу 5мм.
Нелепливо тавче ставете го на среден оган да се загрее и ставете малку растопен путер. Наредете 4 крукчиња банани и врз секое ставете по една лажица од смесата за палачинки. Пржете додека не се направат меурчиња (околу 1-2 минути), па превртете ги од другата страна (уште околу 1 минута). Во тавче Ф24 одеднаш добивате 4 мали палачинки. Ако имате поголемо тавче пржете 5-6 палачинки.
Повторете додека не ја потрошите целата смеса за палачинки. Мене ми излегоа 36 палачинки.
Останатите банани испржете ги кратко од двете страни на малку путер и послужете ги со палачинките.
За преливот, ставете ја нутелата во еден сад, па во микро печка на 10-20 секунди. Промешајте и додадете го млекото колку да добиете густина која ви одговара.

Пријатен апетит!

Рецептот е на Марта Стјуарт, а оваа порција ја нарековме Ентерпрајз =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани