Мини кифли за хамбургер
Квасецот ставете го во сад. Додадете го млекото и оставете малку да се стопи квасецот.
Се додава се друго и на крај брашното. Се меси тестото убаво и подолго време.
Се остава да стаса 1 час.
Се размесува малку и се дели на 4 делови. Од секој дел се прават 4 до 5 топчиња и се стават на плех со хартија. Се сплескуват со рака и се остават пак да стасат 1 сат.
Се меша 1 јајце, малку вода и малку сол и со ова се мачкат лепчињата. Се поросуват со сусам. Се печат во загреана рерна на 225 степени.
Лиценца: Сите права се задржани