Метро торта
Најпрвин во сад за матење изматете ги пенесто јајцата со шеќерот. Додајте го млекото и маслото и матете уште малку.
Потоа во садот додадете го брашното и пецивото и измешајте убаво со жица за матење или дрвена лажица.
Добиената смеса поделете ја на 2 дела. Во едниот дел додајте го какаото и убаво измешајте.
Двата пандишпана печете ги во исти плекчиња.
Во меѓувреме подгответе го филот така што во тенџере на оган ставете го млекото и шеќерот и мешајте додека шеќерот се растопи, а потоа додајте го пудингот и густинот, Мешајте постојано додека кремот се згусти.
Во друг сад изматете го маргаринот со шеќерот во прав и измешајте го заедно со претходно подготвениот крем.
Испечените пандишпани пресечете ги на половина.
Најпрвин ставете една жолта кора и попрскајте ја со малку сок(или млеко), потоа ставете една кафеава кора, ставете од филот, па врз него ставете ги преостанатите 2 кори, но по обратен редослед, првин кафеава, а најгоре жолта.
На крај тортата премачкајте ја со преостанатиот фил и посолете со шарени украсни трошки.
Лиценца: Сите права се задржани