
30
јан
2017
Месна векна со сланина и кашкавал
Компактна векна која е одличен избор за мезе или сендвичи, а нејзината подготовка е лесна и брза. Знаете веќе дека ми се фаворит брзите рецепти, нели?!
Подготовка
Во меленото месо ги ставаме јајцето, зачините и лебните трошки. Сланината и кашкавалот ги сечкаме на коцки и ги промешуваме во меленото месо. Целата смеса ја ставаме во калап за векни или друг соодветен сад. Ја ставаме да се пече на 180-200 степени 40-50 минути.
Забелешка
Откако ќе биде печењето при крај извадете ја векната и отстранете ја маснотијата од калапот, па продолжете со печење уште кратко.