Меки кифли – прачки со оризово млеко (посно)
Ова се навистина меки и вкусни кифли кои воопшто не се разликуваат од мрсните кифли, а причината за тоа ја наоѓам во оризовото млеко. Навистина бевме воодушевени од вкусот и нивната мекост.
Подготовка
Се замесува тестото со млакото оризово млеко и се остава да стаса, да се дуплира. Го размесуваме и го делиме на два дела. Секој дел го расукуваме тенко и го делиме на четири триаголници. Од секој триаголник формираме долга кифла. Ги ставаме во подмачкана тава. Ги оставаме да стасаат околу 40 минути, а за тоа време ја загреваме рерната на 220 степени со вентилатор. Пред печење ги премачкуваме со преливот со куркума и ги поросуваме со семиња.
Се печат до поруменување.
Забелешка
Оризовото млеко го направив од оризово млеко во прав кое често го користам, а односот на растворање ми е 6 лажици во 400 мл вода, го загревам до вриење и го ладам до млако, па го користам. Некој пат знам и повеќе млеко во прав да ставам, зависи што готвам со него.
Ако не ставате врз кифлите крупна сол, ставете повеќе сол во тестото.
Можете ако сакате да ги премачкате и со масло пред виткање, така ќе бидат како лиснати, а сепак сунѓерести кифли.
Лиценца: Сите права се задржани