Медоина колач
Медоини. Не можев поинаку да го именувам овој влажен и сладок колач со пријатна нота на мирис од печени јаболка со цимет, која само ме потсети кое годишно време сме. Есенски, јаболки, мед, со доза на цимет, ете таков е. А најмерак ми е кога ќе си обмислам некој рецепт и излезе успешен.
Подготовка
Јаболката ги лупиме и ги рендаме. Ги соединуваме со маслото, шеќерот и медот. Во друг сад ги соединуваме сувите состојки, брашно, пециво, ванилин шеќер, цимет и мелените лешници. Двете смеси ги соединуваме, може со лажица или миксер. Тавата ја подмачкуваме со масло и ја набрашнуваме. Смесата ја распоредуваме и ја ставаме да се пече на 200 степени.
Забелешка
Не знам колку точно го печев колачот, највероватно околу 15-20 минути, ама кога ќе почне да зацрвенува, пробувајте дали е печен. Пробуваме со чепкалка , ако излезе сува, печен е. Го ладиме па го сечеме, иако јас не издржав, кога малку се подолади за да може да се проба веќе беше исечен и пробан.