Подготовка:

1. Во длабок сад ставаме брашно, цимет, мешани зачин за медењаци, сода бикарбона, ванилин шеќер и кафеав шеќер. Промешуваме со лажица. Во сувите состојки ги додаваме медот, жолчките и јајцето, со рака замесуваме тесто. Во смесата го додаваме путерот, на собна температура, исечен на мали парченца. Месиме тесто. Тестото го завиткуваме во најлонска фолија и го чуваме во фрижидер преку ноќ.

2. Следниот ден тестото го расукуваме на работна површина, со калапчиња вадиме форми по желба. Ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Печиме во загреана рерна на 170 степени, 10-15 минути, зависно од јачината на рерната

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани