Медењаци
Се топи медот и путерот и се оставаат да се изладат малку
Изматете ги цели јајцата и шеќерот, со помош на рачна маталка
Додадете ги путерот и медот, промешајте
Додадете брашно, сода бикарбона, зачини и какао и замесете тесто
Завиткајте го тестото во фолија и ставете го во фрижидер преку ноќ
Наредниот ден или после 2-3 часа може стоење, развлечете го во правоаголна кора
Сечете форми по ваша желба
Печете ги 8-10 минути на 180 ° Ц
Оставете медењаците да се изладат во плехот за печење, бидејќи се меки додека се врели
Лесно, со вилушка изматете ја белката и постепено додавајте шеќер во прав
Мешајте додека не добиете мазна смеса
За подебела глазура, додадете шеќер во прав и за потенка сок од лимон
Сега поделете ја добиената глазура во 2-3 чашки, додадете боја по желба и промешајте.
Одма ставете ја глазурата во мали кесиња, бидејќи брзо се суши.
Декорирајте ги вашите медењаци.
Оставете ги на воздух да се просушат и чувајте ги во лимени кутии
Празници се ближат....
Лиценца: Сите права се задржани