Ова беше рецепт за денот на вљубените, но поради недостиг на време, го ставам денес.
Еве нека послужи за наредна прилика.
Постапката за подготовка е следна.

Брашното пресејте го и додавајте по ред од состојките.
Прво помешајте пециво и ванила, потоа додавајте ги јајцата, медот, шеќерот и маслото.
Замесете убаво меко тесто.
Земајте од тестото и влечете кора со дебелина од пола сантимeтар.
Вадете фигури во вид на срце.
Печете на намастен плех или на хартија за печење.
Откако се печени и изладени, срцињата мачкајте ги со џемот и лепете ги по две. Растопете го чоколадото со малку масло.
Пола од колачот намачкајте го со чоколадна глазура, а потоа извалкајте го тој дел во кокос.
Ставете да се стврдне.
Служете ги после 2-3 часа. Колку подолго стојат толку поубав е вкусот.
На здравје

Забелешка
Мерете со исто филџанче (120-130мл)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови