Во сад се става шеќерот и 2 лажици вода.
Се остава ова да зоврие и се додава локумот да се стопи. Ова смеса се вари 5мин. Се трга настрана и се додаваат останатите состојки. Ако е стегната смесата се додава маргарин, ако се лепи се додаваат ореви или бисквити.
Целата смеса се става на прозирна фолија и се сука со сукало. Се сечат срценца и се делат на половина. Значи од 1 срце излегуваат 2 колачиња. Се оставаат да оладат и потоа се глазираат.
Пријатно!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани